нави (само мн.)
За да не ја фаќаат навите. Тие се многу лоши за леунките.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Таа не присуствува на трпезата и со неа не сторија гостинките ни „здраво живо“ да не ѝ секне млекото и да не ја фатат „навите“ како леунка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Зашто не со зборови туку со ѕвездило таа ги пишува ѕвездите, и низ водени гласови шепти со дождот, зашто тројни јазли им врзува на болестите, и на сите уроци, уплави и нави што кружат околу твојот сон, зашто ја напишав оваа песна: лековита!
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Со него заедно плачеше и мајка му и не знаеше што да му направи; му даваше насила да цица, но тој ја отфрлаше брадавицата од устата, ја стегаше устата кога му даваа со сила лајче со чај од тревки; му врзуваа амајлии против урок, нагаза, нави, шенци, клиње, не знаејќи од што му иде лошината; му облекуваа кошулче од немо дете, му ставаа камче во лелејката од пресушена река или поток за да му пресуши плачот; го шетаа од раце на раце тропајќи во тенеќе или бутин за да го ошеметат, но ништо не помагаше.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
шишенца, кочанки, чешлиња, мивки, сапунчиња, гризнато овошје, коски, пердуви, распаднати метли и износени опинци, и ги носеше некаде со себе за пак утрината да ги врати и да ги остави на брегот; гледаше кон шеварот и трските во езерото во кои се размножуваа сите водени птици и кои крескаа како нечисти тешки и гадурии, што тука, во старо време се криеле: змеови, азџери, стии, ламји, вештерки, улавици, гидии, сеништа, ветроштиње, таласами, нави, укалци, катари, улери, буици и други сакатури,
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
— Вака, ведиме глава, легнуваме, не и лутиме агите та и тиа послескум маваат, белки ќе прецалејме некако, да и куртулиме баре главите, та за маките и болките, тиа се нави.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)